ШоуБиз

Мирен и скромен роденден за Angelina Jolie :)

Актерката и режисерка Angelina Jolie 37-миот роденден го прославила мирно и без помпезности. Интимната забава се одвивала на 4-ти Јуни во една изнајмена вила во Сари, Англија.

–          Тоа беше многу мала забава. Беше собрано само семејството. Не правеа ништо посебно. Сите беа дома и го прославија роденденот само со обична торта. Без никаква фама, иако моментално се многу среќни, – изјавил неменуван извор.

Не е познато што добила за подарок од Brad Pitt, но јасно е дека актерот многу се потрудил со оглед на тоа што таа само пред неколку дена на него потрошила милион долари за да му купи хелихоптер и часови по летање.

Славниот пар моментално живее во Англија каде Jolie се подготвува за улогата во филмот „Magnificent“, a Brad наскоро се враќа во Будимпешта за да го сними филмот „World War Z“.

Напиши коментар