Убавина

8 правила за лакирање на ноктите

Оваа сезона се дозволени сите колоритни комбинации, но водете грижа лакот да биде нанесен убаво.

Олеснете си го себеси домашниот маникир !!!

РЕДОВНО ТУРПИЈАЊЕ НА НОКТИТЕ

Ноктите растат по 3 милиметри месечно. Поради одржувањето на просечната должина турпијајте ги на секој 15 дена.

ИДЕАЛНА ДОЛЖИНА

Штом еднаш ја откриете идеалната должина која ви одговара, држете се до неа. Ако често ја менувате должината на ноктите тогаш поголеми се шансите тие да се лесно кршливи.

ВЕЧЕРНА МАСАЖА:

Секоја вечер одвоите по 5 минути за вашите нокти. Измасирајте ги ноктите со масло за зајакнување на нокти – на тој начин ја зајакнувате структурата на ноктите а во исто време ија ревитализирате кожата околу ноктите.

СЕДМИЧЕН ТРЕТМАН:

Нема поедноставен начин за уредни нокти од седмичниот третман. Секои седум дена посветете внимание на кутикулите на ноктите.

ОСНОВА:

Пред лакирањето, не го прескокнувајте основниот лак. Тој ги штити ноктите од лакот, кој без основата често побрзо го губи сјајот и трајноста.

ДВА СЛОЈА

Првиот слој лак нека биде потенок, брзо ќе се исуши, 2 слој нека биде подебел, така се истакнува бојата на лакот.

ДВЕ СЕДМИЦИ

Доколку имате тенки и кратки нокти, прво нанесете база, потоа зацврстувач. Користете ги на секои 2 недели и кршењето на истите ќе се минимизира.

ВИТАМИНСКА БОМБА

Здравите нокти се еден од најголемите ноќно мори на секоја жена. Пролетта е богата со витамини и олигоелементи. Јадете овошје и зеленчук, не ги избегнувајте морковите, цвеклото, зелената салата …

Напиши коментар