Кој се најглавните трендови за оваа сезона?
Можеби нашиот избор ќе биде добар за вашиот вкус и ќе ви “фати око”. Следете не!
1. Овој уникатен фустан, го покажува влезот пред Оскарите, но кога Мишел Вилиамс, помина низ црвениот килим во нејзината Луи Витон, црвена тоалета, невестите ширум светот забележаа колку е привлечна. За невестите кои сакаа изглед на сирена, оваа венчаница беше оценета, како едноставно совршена.

2.Овие примери се романтични, слатки, адаптабилни за секоја сезона, но прилегаат и за текот на летото. Примамливи се за невести кои сакаат да покријат нешто повеќе. Ова е креација од Ромона Кавеза.

3. Оваа креација може да биде интересна, направена е од Моника Лулиер, со прекрасна илузија од перли, романтична и заводлива, креацијата се совпаѓа со тенкиот струк, каишот со украси од бисери и вел.

4. Дали сонувате за венчаница во бои? Се враќа, повторно, трендот во боја. Оваа колекција на Ели Сааб е магична со боја на морско стакло. Таа носи свежина и посебност на невестата која посакува да биде отмена и уникатна.

5. Овие венчаници, поминаа многу периоди и превирања низ модната сцена. Но, сега се најдоа на позитивната листа. Со својата моќ може да ја направат невестата модерна, колекциите на Бадгли Мишхка. Знае како да придонесе за модерен и грандиозен изглед.

6. Овој свадбен тренд кој дава можност да ја покажеме нашата мазна кожа дава привлечна нота. Овие модели, одговараат најмногу на личности кои сакаат да изненадат со нешто отмено и впечатливо како овие крации на Моника Лулие.

7. Оваа креација, станува се попопуларна. За невестите кои сакаат да изгледаат софистицирано но, и конзервативно.

8. Оваа креациа на Џени Пекам, е женствена и неодолива, во ретро манир и модерен тон. Создава илузија на церемонијалност. Најважно е да е ваш најдобар избор и да и прилега на вашата личност најмногу, без разлика на тоа за која венчаница ќе се одлучите.

