Убавина

8 Препарати за коса кои може сами да ги подготвите дома

Домашни рецепти

Јајцата, јогуртот и медот, се од прва рака сите компоненти на вкусен доручек – но тие можат да бидат и одлични состојки за третманите за освежување на вашата коса а сепак достапни производи и природна база. Но, не се тие  единствените, туку и маслата од авокадо, на пр.

Дали знаете дека маслата од авокадо најмногу наликуваат на природните состојки што ја хранат нашата кожа, а со тоа може да завземе солидно место, во најнеопходните состојки и продукти за убавина. Состојката што ја содржи лимонот е често употребувана алтернатива во призводите и препаратите за нега.

Следниот пат кога ќе го барате клучот до вашата скриена младост, заштедете пари преку употребата на овие домашни продукти.

 Третмани за секој тип на коса

Свежото јајце е навистина најдоброто на светот,  жолчката богата со протеини и масти е природен хидратант, а белката богата со ензими, ги отстранува несаканите масти.

Рецепт: За нормална коса, искористете го целото јајце за освежување на косата, белките се користат само за третирање на масната коса, жолчките се користат за да се освежи сувата, осветлена коса.

Пола чаша од која било мешавина од јајце е соодветна и пригодна за вас и се става на намокрена и измиена коса. Ако немате доволна количина за целата коса и скалпот , искористете само онаму каде е најважно , на врвовите и на должината на косата. Оставете да делува 20 мин. Исплакнете добро, но само со ладна вода(за да спречите јајцето да се свари на вашата коса) и исплакнете потоа со шампон. Третман со цело јајце и со жолчка можат да се нанесуваат еднаш месечно, а белките пожелно е да се нанесуваат на секои 2 недели.

 

За слаба и оштетена коса

Честото употребување на лакови за коса(како и загаденоста на воздухот) можат да остават траги на вашата коса, да предизвикаат сувост  и да го ослабнат сјајот на косата, но млечните производи, павлаката и јогуртот можат да помогнат да се спаси и поправи штата.

Млечната киселина нежно ја отстранува прлјавштината, додека млекото и мастите ја обновуваат и хранат косата.

Рецепт: Масирајте ја косата со пола чаша павлака или нанесете јогурт на оштетената коса и оставете ја да отстои 20-тина минути. Исплакнете ја добро со топла вода, проследено со наизменична ладна вода, потоа исплакнете ја со шампон како  и вообичаено. Овој третман може да се повторува на секоја 2-ра недела.

При појава на првут и оштетувања на темето

За превенција, кога сме под стрес, диета и лоша клима, помеѓу другите фактори кои имаат улога за оштетувањето, – обидете се со лимонов сок помешан со маслиново масло. Лимонската киселина  помага да го исчистите темето од првутот, сувите флеки на кожата, додека маслиновото масло, освежува и ја храни кожата на вашата глава.

Рецепт: Помешајте содржина од лимонов сок, маслиново масло и вода и масирајте на оштетеното место на темето. Оставете ја смесата да делува 20-тина минути, потоа исплакнете ја и измијте ја косата со шампон. Овој третман може да се нанесува на секоја 2-ра недела.

 

 За мека и нежна коса

За да дадете волумен на косата, побарајте го : ПИВОТО. Ферментацијата  која ја содржи истиот помага да се освежи косата, и да и се врати сјајот.

Рецепт: Измешајте половина чаша ( чисто пиво во сад и оставете го да отстои 2 часа, за да испарат непотребните состојки) малку се додава сончогледово масло или свежо јаце. Нанесете го на чиста, мокра коса, и оставете да стои 15 минути, потоа исплакнете со млака  вода. Или ставете го пивото во шише за спреј и така попрскајте ја косата додека е сува. Кога течноста ќе испари, останатиот протеин од пивото делува одлично и продолжува да делува и понатаму и да ја заштитува косата. Третманите можат да се повторуваат секоја 2-ра недела.

За сува или изгорена коса

Доколку косата ви е сува и оштетена, од сонце, или од пеглањето на косата, медот е природниот освежувач, кој ја храни и реактивира живоста на косата и влакното.

Рецепт: Масирајте количина од медот, на чиста , мокра коса, и оставете ја 20 минути да отстои, потоа исплакнете со топла вода. Можете да додадете на оваа состојка и маслиново масло за да се олесни нанесувањето на медот. За екстремно изгорена коса од сонце, пробајте да измешате мед со авокадо, или жолшчка од јајце, кои ќе помогнат да се обнови кератинот, на оштетената коса. Овој третман може да се нанесува еднаш месечно.

                                                          

За масна и извалкана коса

Неочекувано, но пченкарното брашно е еден од начините да се отстрани маснотијата и наслагите од косата.

Рецепт: Количината од брашното да се нанесе на сува коса и на темето се додека не се искористи состојката која е планирана, според должината на косата. По 10 минути, со густа четка треба целосно да се отстрани. Третманот може да се повторува секој втор ден.

 

 За кадрава коса

Експертите за здрава коса тврдат дека авокадото-не е само за оштетена коса. Неговите состојки(кои се слични на нашите природни масти кои ги лачи кожата)масти и протеини даваат најдобра комбинација на состојки кои ќе ја измазнат и исправат претерано кадравата коса.

Рецепт: Помешајте половина авокадо и масирајте на чиста, мокра коса. Оставете 15 минути пред да ја измиете. Авокадото можете да го комбинирате и со јајце или мајонез и може да делува и како комплетна маска за хранење на косата. Третманот може да се повторува на секои 2 недели.

 

За запуштена и изгорена коса

Содата ги чисти сите непотребни сосојки во косата. Дури и киселината.

Рецепт: Малку сода се меша со вода за да се направи паста. Се масира оштетеното место на косата и се остава да отстои на косата15-тина минути. Добро се измива, потоа се мие со шампон. Третманот се повторува на секој 2 недели.

 

 

 

 

Напиши коментар