Motherhood

8 реченици кои не смеете да му ги кажете на своето дете

Во однесувањето со своето дете, колку и да сѕте лути и повредени, воздржувајте се од тешки и навредливи зборови. За да не ја повредите личноста на својот миленик,ова се 8 реченици кои никогаш не смеете да му ги упатите на своето дете.

ЗОШТО НЕ СИ КАКО…

Едното дете ви е вредно, а другото секогаш треба да го потсеќате на неговите должности. Немојте меѓусебно да ги споредувате своите деца, бидејќи со тоа само ќе го зголемете природното соперништво, а можат дури и да се замразат. Подобро е отворено да објаснете што всушност сакате.

НЕ СЕ ОДНЕСУВАЈ КАКО МАЛО БЕБЕ

Вашето осумгодишно дете се однесува како да има цетири години, но на таквите зборови ќе се почувствува навредено.

ЗОШТО ТАКА СИ СЕ ОБЛЕКЛА

Кога излегува со друштво, оставете детето да  облече што сака, но кога излегувате заедно, мора да знае како да се облече за да издледа убаво и пристојно. Децата треба да знаат дека за различни прилики, различно треба и се облекуваат.

ПРЕКРАСЕН СИ

Ласкањето нема да помогне. Ако вашето дете е талентирано или има некоја друга позитивна особина, охрабрете го со зборови дека прави нешто добро, наградете го.

ГЛУПАВ СИ

Тоа никогаш не треба да му го кажете на детето, на која и да е возраст. Ќе нема самодоверба ако вие мислете нешто лошо за него. Натерајте го детето да размисли за своите постапки, покажете му како треба правилно да ги прави работите.

ЖАЛ МИ Е ШТО ВООПШТО СУМ ТЕ РОДИЛА

Непростива изјава која може да остави длабоки, сериозни и далекусежни последици. Детето ќе мисли дека е недостојно за љубов.

ОСТАВИ МЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ НА РААТ

Детето може да се почувствува непожелно ако ова му го кажувате. Иако посакувате кафето да си го испиете без прекини, не кажувајте го тоа. Седнете со него и работејќи си ја работата, кажете му на вашето дете дека го сакате но дека во моментов сте зафатени, имате работа. Детето тоа ќе го разбере.

МОЛЧИ

Со ова на детето му давате до знаење дека не ве интересира неговото мислење. Подобро кажете му да се смири, да биде мирен, пратете го во неговата соба. Децата учаат од примери и однесувајте се пристојно.

Напиши коментар