Мојата кујна

“А la Norma” – вкусот на Сицилија

Време да уживате во вистинскиот вкус на сицилијанската храна…

Потребни состојки:

320 грама макарони

500 грама домат

2 плави домати + 400 грама

Чешне лук

Босилек

100 грама сирење

Маслиново масло

Масло за јадење

Сол и бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Доматите потопете ги во 1 до 2 минути во зовриена вода, исцедете ги и оладете ги под млаз ладна вода, така најлесно ќе ги излупите. Излупените домати исечкајте ги на коцкички. На малку маслиново масло пропржете го лукот, додадете ги коцкичките домат, ставете сол и зачини и динстајте 10 минути на умерена температура. Во меѓувреме модрите домати преполовете ги по должина. Извадете ја срцевината ( чувајте за друго јадење) и доматите печете ги 30 минути на 200 степени Целзиусови.

Останатите модри домати исечете ги на кругови и пропржете ги од двете страни.

Макароните сварете ги во солена вода. Исцедете ги и истурете ги во садот во кој ги динстате доматите. Додадете ги испржените кругови модар домат, изрендајте сирење, додадете босилок, убаво измешајте и добиената смеса распоредете ја врз печените модри домати.

Уживајте во вкусот на Сицилија!!!

Напиши коментар