ШоуБиз

Адел, дечко ти е женет!!!

Новата љубов на британската пејачка Адел е сеуште во брак и има дете, пишуваат британските весници.

Наводно Адел (23) и Сајмон Конецки (37) се во врска веќе неколку месеци, но неодамна на светлина излезе фактот дека сопственикот на хуманитарна организација е сеуште оженет.

Сајмон во 2004 година се оженил со стилистката Клери Фишер и година дена подоцна добил ќеркичка. Односите меѓу парот заладиле во 2010 година, но бракоразводна парница сеуште не е покрената, иако двајцата повеќе не живеат заедно.

Од тимот на Адел одбиле да го коментираат бракот на дечкото на Адел, а исто така и Фишер која не сакала да зборува ништо во врска со својата и ќерката на Сајмон.

Напиши коментар