ШоуБиз

Адел на насловна на „Вог“ – повеќе нема да бидам огорчената вештерка!

Адел дефинитивно се враќа на сцена. По триумфот на Греми наградите, каде зеде дури шест признанија, Адел ја краси насловната страна на мартовското издание на списанието „Вог“. Виновници за сликите се Мерт и Маркус, а британската пејачка изгледа свежо и отмено.

Еве што може да се прочита во едиторијалот за неа во списанието.

За чекорењето по црвениот тепих:

–          Го мразам црвениот тепих. Не дека сум несигурна, туку едноставно не ми е по ќеиф. Дури и стомак ме боли кога чекорам по него.

За дечкото Сајмон Конецки:

–          Тој е прекрасен. Горд е на мене, но не му е грижа што правам и што другите мислат за мене. Тој се грижи за мене. Да не беше тој, многу потешко ќе поминев низ периодот со операцијата на гласните жици.

За што ќе биде следниот албум:

–          Повеќе нема да напишам албум по повод прекинување на некоја врска или љубов. Нема повеќе да бидам огорчената вештерка.

Напиши коментар