Можеби ја немаше неколку месеци додека траеше најзиното опоравување по операцијата на грлото, но сега Адел е дефинитивно присутна насекаде во објективите на папраците.
Пред некоја вечер за прв пат е забележана како се забавува со своето ново момче Симон Конецки во еден лондонски ресторан. Очигледно ги прославувала трите номинации за овогодинешните „Brit Awards“.
Инаку, Симон работи во организација за хуманитарни активности.
Адел е номинирана за Најдобар женски изведувач, за Британски сингл со „Someone Like You“ и за Најдобар албум на годината. Веднаш по објавувањето на номинациите Адел напишала на својот Твитер:
– Е***о среќна, ви благодарам за потврдата!