ШоуБиз

Адел подзаборави дека е пејачка :)

Британката која не престанува да руши рекорди во музичката индустрија се враќа на сцена по повеќемесечната пауза поради операцијата на гласните жици.

Адел не се појавуваше во јавност од ноември кога ѝ беше извршен хируршкиот зафат, а првиот нејзин настап кој е закажан ќе биде на 12-ти Февруари на доделувањето на Греми наградите.

–          Многу сум возбудена што организаторите ме поканија да настапам на овогодинешното доделување на Греми наградите. Огромна е честа да се биде дел од една таква церемонија и ова ќе биде мој прв настап по неколку месеци пауза. Почнувам да заборавам дека сум пејачка, – биле зборовите на Адел.

Покрај Адел, на 54-тото доделување на Греми наградите ќе настапат и Колдплеј, Ријана, Бруно Марс, Пол Макартни, Ники Минаж и Тејлор Свифт. Адел има шест Греми номинации, меѓу кои и некои од најважните – за албум, песна и видео на годината.

Напиши коментар