ШоуБиз

Адел покажа среден прст!

Во О2 арената во Лондон, во вторникот ноќта се одржа доделувањето на престижните музички награди „BritAwards“. На нив, како и на сите останати церемонии во последно време, триумфираше Адел, а на водителот му „покажа“ дека таа е главна.

Британската пејачка Адел, која неодамна доби 6 Греми признанија, овој пат си доби две статуетки и тоа за престижните Најдобар женски изведувач и Најдобар албум на годината во Велика Британија.

За време на нејзиниот говор, додека им се заблагодарувала на своите фанови, водителот ја прекинал за да ја најави групата „Blur“ и тоа ја налутило Адел.

–          Ме прекинавте. Сакам само да ѝ се заблагодарам на мојата публика и да ѝ кажам дека се гледаме на истово место и  догодина, – биле нејзините зборови, а веднаш потоа бесно го покажала средниот прст како што ја напуштала сцената.

Подоцна изјавила дека средниот прст не бил за фановите, туку за водителот кој навистина ја разлутил.

Еве ја и сцената:

Малку подоцна се извинила:

Напиши коментар