Изгледа дека од мали нозе Adele била одлучена дека сака да стане музичка ѕвезда. Како штo ни покажуваат нејзините слики од детството, на добитничката на врвни награди во повеќе наврати, ѝ било судено да свири на гитара, иако се работи само за обична, пластична играчка.

На сликата Adele има само четири години. На една од сликите, пејачката има само девет месеи и седи во скутот на својот татко, кој го напуштил семејството кога Adele имала само две години.
– Ако го видам, ќе му плукнам во лице. Не сакам да слушнам за него веќе никогаш, – биле зборовите на пејачката во едно неодамнешно интервју.

Како дете Adele била доста срамежлива и повлечена, но талентот се гледал уште на самиот почеток кога таа почнала да си потпевнува низ дома.


