Британската пејачка Adele уште на почетокот на својата кариера постојано изјавуваше и потенцираше дека е горда на својот изглед и дека вишокот колограми не ѝ се никаков проблем. Сепак, не може да не се забележи дека таа малку се погрижила за својот изглед и изгубила неколку килограми.
Можеби сфатила дека е крајно време дека работата која ја има по дефиниција бара да бидеш згоден и добро да изгледаш. Заедно со нејзиниот нов дечко Simon Konecki, Adele започнала да држи диета и засега и двајцата изгубиле по околу шест килограми во изминатите месец дена.
Двојката била на строга вегетаријанска диета и секое утро трчале заедно со кучето на Adele, Loui.
– Килограмите полека се топат и тие планираат да останат на диета до крајот на април, – изјавил еден пријател на пејачката.
