ШоуБиз

Adele не се мажи!

Пејачката Adele на Твитер јавно ги демантираше гласините дека добила веренички прстен од својот нов дечко.

Таа неодамна го прослави својот 24-ти роденден и во истата прилика решила да го разјасни својот брачен статус, како и некои други трачеви поврзани со неа.

–          Роденденот ми беше феноменален, ви благодарам на сите за убавите желби. Не, Rihanna не ми прати торта и не, не се мажам. Бла, бла… – напишала пејачката.

Британските медиуми пишуваа дека Simon Konecki ја запросил пејачката и дека таа се појавила со воочлив дијамантски прстен. Другата вест беше дека Adele добила роденденска торта од Rihanna во форма на гради. Иако Adele не обожава да зборува за својот приватен живот, очигледно овие невистини толку ја налутиле што решила дека е крајно време да ги демантира.

Напиши коментар