ШоуБиз

Adele стравува од духови!

Популарната британска пејачка Adele неодамна се преселила во една вила во лондонското предградие Сасекс која ја чинела седум милиони фунти. Сепак, наводно таа смета дека во новата куќа има духови.

Еден нејзин близок пријател тврди дека Adele се плаши да биде сама во огромната куќа, особено преку ноќ. Поради тоа, едната соба му ја отстапила на својот телохранител, кој всушност е жена. Телохранителката е нејзиниот поранешен возач, а еве што му рекла пејачката на пријателот:

–          Не ми паѓа на памет преку ноќ да се шетам сама. Многу ми е страв, – открила преплашената пејачка која верува во духови.

Телохранителката е платена 100.000 долари годишно, а нејзината задача е да ја штити Adele на сите 25 хектари на кои се простира имотот и вилата.

Напиши коментар