ШоуБиз

Adele во дует со George Michael?!

Досега Adele нема соработувано со никој на нејзините песни, но во својот нареден проект таа најверојатно ќе го заобиколи својот „соло принцип“. Овој пат се работи за заедничка песна со Британецот George Michael.

–          Не е тајна дека George ја обожава Adele и нејзината музика. Тој дури и го оставил својот дечко Fadi Fawaz во Австралија на три дена со цел да биде присутен на доделувањето на Британските музички награди и да ѝ ја додели на Adele нејзината. Од тогаш тие се пријатели и разговараат да направат нешто заедно, – вели близок извор.

Од друга страна, и Adele е обожавател на George откако знае за себе, така што соработката е реално да се оствари.

Напиши коментар