Британската пејачка Adele одлучила дека време е да си купи нова куќа во Лондон, а според тамошните медиуми, таа е подготвена да издвои 10 милиони фунти. За дефинитивна локација го одбрала South Kensington.
Моментално богаството на пејачката се проценува на 20 милиони фунти, а сите знаеме дека во месец март, таа купи куќа во Брајтон.
– Adele мудро ги вложува своите пари. Тоа ѝ изгледа поразумно отколку да ги вложува парите во банка. Откако ја купи куќата во Брајтон, сега сака да има имот и во Лондон. Родена е тука и сите нејзини пријатели се тука, така што повеќе од јасно е зошто Adele сака да живее во Лондон. Можно е тука да основа и семејство во иднина, – изјавил извор близок на пејачката.
Засега, пејачката е заинтересирана за една куќа со седум соби и голем балкон.
