ШоуБиз

Adriana Lima чека второ дете!

Ангелот од јатото на „Victoria’s Secret“ и српскиот кошаркар Марко Јариќ очекуваат второ дете, – пишува во списанието „People“.

Adriana Lima веќе ја има 4-годишната ќерка Valentina, која според изјавата на манекенката најмногу ѝ се радува на приновата. Веста ја потврдил портпаролот на Lima за споменатото списание.

–          Целото семејство е многу возбудено, а особено малата ќеркичка, која постојано го бакнува стомакот на мајка ѝ, – пишува во списанието.

Двојката се запознала на една забава во Лос Анџелес во 2006 година, а во брак се од 2009 година.

Напиши коментар