ШоуБиз

Adriana Lima дава душа за пивце :)

Adriana Lima е во шестиот месец од бременоста, но има огромна желба за алкохол. Линијата ја одржува со тоа што ползи по земја, баш како рак.

–          Копнеам по пиво. Тоа е доста чудно бидејќи пиво не пијам скоро никогаш, а сега имам страшна желба… но, не смеам. Баш е тешко, – изјавила манекенката во интервјуто за списанието „People“.

Покрај желбата за пиво, Lima по цел ден јаде крцкаво печена патка.

–          Дефинитивно е полесно отколку првиот пат, можеби бидејќи сега знам што да очекувам. Многу сум опуштена и полна сум со енергија, – додава таа.

–          Се здебелив неколку килограми, но не колку во првата бременост и тоа благодарение на мојот сопруг. Првите три месеци вежбав со полесни тегови и правев вежби инспирирани од движењата на животните, ползев како пајак по подот… Тоа навистина ми помогна да ги зацврстам мускулите.

Напиши коментар