Преубавата манекенка и топ модел, Адриана Лима веќе јавно ја призна својата втора бременост. Овој пат таа се реши да каже нешто повеќе.
“Јас и Марко сме пресреќни што повторно ќе имаме бебе. Воопшто не се оптоваруваме со полот на бебето, тоа не ни е важно. Нема да ни ја промени среќата и да е девојче и момче. Сакаме само да биде живо и здраво.”
Што се однесува на исхраната, Адриана призна дека и во претходната бременост имала неконтолирана потреба од чоколада и слатки, а овој пат омилени и се сладоледот и смрзнатиот јогурт. Но во својата изјава таа признала дека внимава на својата исхрана, не за да ја задржи убавата линија туку за да се храни здраво заради бебето.
