ШоуБиз

Jessica Alba – претприемач на годината!

Убава, талентирана и паметна? Изгледа и тоа е можно!

На годишното доделување на наградите за најуспешни познати мајки во организација на списанието „Glamour“, актерката Jessica Alba е прогласена за претприемач на годината.

Доколку не знаевте, убавата Jessica пред некое време, заедно со двајца партнери основала интернет бизнис, кој се занимава со онлајн продажба на нетоксични производи за бебиња. За краток период, овој бизнис им донел големи приходи.

Фирмата во која актерката е ко-сопственик носи назив „The Honest Company“, а неодамна, од списанието „Fast Company“ била именувана како една од најинвентивните компании.

Секоја чест за Alba, која буквално воодушевува на секое поле од животот.

Напиши коментар