ШоуБиз

Adriana Lima – трудна, но активна!

Познатата манекенка со фановите ги сподели фотките и дневникот од хуманитарното патување на Хаити.

Lima еднаш го има посетено Хаити по земјотресот во 2010 година, а сега повторно отишла таму преку една програма за трудници и мајки кои ја посетуваат таа земја.

–          Во август ќе го добијам второто дете и природно е да ми се насочени мислите кон тоа мало чудо кое расте во мене. На Хаити, една на 37 жени ризикува да умре од компликации при бременоста или за време на породувањето. Се здруживме со една локална болница во обидот да им ја обезбедиме негата која им е потребна на бебињата и трудниците, – напишала бразилската убавица.

Според неа, за Хаити навистина има надеж, но само ако се зголеми борјот на лекарски тимови и експерти кои би работеле на тие простори.

Напиши коментар