ШоуБиз

Адријана Лима е ново заштитно лице на DKNY!

Една од најпознатите манекенки во светот Адријана Лима стана заштитно лице на компанијата „Дона Каран Њујорк“ или на кратко „ДКНУ“.

Лима (29) снимила серија провокативни фотографии за кампањата на познатиот моден бренд и тоа на Хаити, кон крајот на минатата година. Се работи за пролетната колекција на брендот која е инспирирана од уметникот од Хаити, Филипe Додард.

Викторииниот „ангел“ ја направил фотосесијата неколку дена пред последната ревија на „Victoria’s Secret“ за минатата година. Сликите се дело на Расел Џејмс.

Познатата креаторка имала само пофални зборови за Лима.

–          Никогаш не сум имала прилика да соработувам со неа и просто сум воодушевена, – изјавила Дона Каран. „Таа на вистински начин ги прикажа и срцето и душата на Хаити“, – додала креаторката за крај.

Напиши коментар