Бракот отсекогаш бил предмет на голем број на дебати и расправии. Тешко кој може да даде вистинска дефиниција што всушност е бракот.
Како на бракот гледаат познати светски филозофи и истакнати, познати личности…сигурно со некои од нив ќе се сложите…
Погледнете!!!
“Поклоните кои ќе и ги купиш на својата жена се за никаде во споредба со оние кои ќе и ги купи твојот комшија на неговата жена“ – Марфи
„Кога го фотографираш својот маж, фотографиите секогаш испаѓаат подобро отколку кога твојот маж те фотографира тебе“ – Марфи
“Брак е операција при која женската суета и машкиот егоизам се отстрануваат без анестезија” – Хелен Роланд
“Кога жената избегнува брак ја нарекуваат независна. Кога мажот избегнува брак, избегнува обврски” – Варен Фарел
“Кој нема да побудали во бракот тој навистина не е нормален” – Принцот Чарлс
“Пропаднатиот брак е оној во кој жената поминува во кујната исто толку време колку што пред мажењето поминувала пред огледалото” – Тухолски
“Да се ожениш со жената која ја сакаш и која те сака тебе, е да се обложиш со неа кој прв ќе прекине да го сака другиот” – Алберт Ками
“Подобро да бидеш добро обесен, отколку лошо оженет” – Шекспир
“Бракот е единствена доживотна пресуда при која поради лошо однесување можете да заслужите помилување” – Алфред Хичкок
“Бракот e лотарија во која мажот нa коцка ја става својата слобода, а жената својата среќа” – Франсоа Саган
“Идеален сопруг е оној кој не пие, не игра карти, не се врти по други жени, не се расправа и – го нема” – Марлен Дитрих
“Кога сакате да се жените, потребно е да се одлучите меѓу земските и небесните пердуви: меѓу гуска и ангел” – Курт Гец
“Мажите пред бракот го губат срцето, на денот на венчавката паметот, а по свадбата се друго” – Елизабет Тејлор
“Би сакале да знаете дали интелигентните мажи се добри мажи? Но, драга госпоѓо, интелигентните мажи воопшто не се женат” – Џером Џером
“Бракот е заедница од еден господар и една господарка и од два роба” – Волтер
“Несогласувањата во бракот најчесто започнуваат кога жената премногу зборува, а мажот премалку слуша” – Тувим
“Бракот е препорачано писмо, обично погрешно адресирано, кое е интересно само додека е затворено” – Бранислав Нушиќ
“Тој се ожени со неа затоа што ја љубеше. Таа го љубеше затоа што се ожени со неа” – Пол Јан
“Бракот е нешто поради кое човекот секогаш се кае, било да го склучил, било да не го склучил” – Сократ
“Несреќните бракови не ги создава недостигот на љубов, туку недостигот на пријателство” – Чарли Чаплин
