Убавина

Ајлајнер во стилот на педесеттите – за совршен поглед

Освен тоа што совршено ги истакнува очите, ајлајнерот погледот го прави провокативен и му дава ретро шарм, кој потполно се поклопува со актуелните трендови.

Трендот најавен за претстојната сезона е шминката во стил на педесеттите, а задолжителен дел за овој начин на шминкање е ајлајнерот.

Како се нанесува ?

За да постигнете најдобар ефект, многу е важно да знаете да нанесете ајлајнер. За почеток, најдобро е ивиците на горните капаци да ги обележите со точки. Потоа, со четчичката од ајлајнерот повлечете линија од внатрешниот кон надворешниот агол и на крај повлечете ја линијата нагоре. Ако сакате линијата да биде подебела, повлечете го ајлајнерот над претходната линија, но од половината на капакот.

Кои сенки може да ги комбинирате ?

Со ајлајнерот може да комбинирате мат, светкави и мрсни сенки во виолетова, кафеава, розова, беж, сина и зелена боја. Посветлите тонови ставете ги на површината на целиот капак, а потемните на долниот дел од капакот. Може да си играте со силните бои кои ќе бидат многу актуелни претстојнава сезона.

Напиши коментар