ШоуБиз

Ајви Блу ќе има шест дадилки!?

Само неколку недели откако се роди Ајви Блу, нејзините родители Бијонсе и Џеј Зи веќе ангажирале дадилки кои ќе помагаат околу малата принцеза. Поточно, според американските медиуми, парот ангажирал дури шест дадилки кои ќе се грижат за Ајви Блу.

–          Бијонсе не сака ништо да препушти на случајност. Сака да биде сигурна дека бебето има најдобра нега и дека ништо нема да му недостасува. Дадилките ѝ ги менуваат пелените на Ајви Блу на секој саат, – изјавил близок извор на славниот пар.

Освен тоа, веќе сите знаеме дека девојчето има и када за бањање направена од Сваровски кристали. Наводно, малата принцеза носи и дијамантски обетки, а пие млеко од шишенце обрабено со сафири.

Напиши коментар