Доколку во кината стигне филмот „Мамурлак 3“, тоа значи дека студиото „Ворнер Брос“ им исплатило на главните актери Купер, Хелмс и Галифианакис по 15 милиони долари.
Американската филмска штампа пишува дека снимањето на третиот дел зависи од желбата на студиото да им исплати хонорари на актерите. Преговорите траат веќе со месеци. Неименуван извор од студиото тврди дека склучувањето на договорот е готово и дека споменатите актери за брзо време ќе станат побогати за „неколку милиони“.
Ова е едно од најголемите покачувања на плата во еден серијал. Во 2009 година, актерите добиле по 1 милион долари хонорар, а првиот „Мамурлак“ заработил 35 милиони долари. За вториот дел, филмот инкасирал 467 милиони долари, а актерите добиле по 5 милиони долари. Сега, ќе си добијат тројно повеќе!