ШоуБиз

Alec Baldwin се жени!

Таа кажала „да“!

Alec Baldwin (53) се свршил со Hilaria Thomas за време на изминатиов викенд, потврдува неговиот портпарол за сајтот „People“.

–          Да, вистина е! Alec ја побарал Hilaria за жена овој викенд и сите сме возбудени поради овој настан. Денес е неговиот роденден и тоа уште повеќе за зголемува возбудата, а и прославата се дуплира, – изјавил портпаролот.

Актерот е заедно со инструкторката по јога од минатото лето.

–          Имам жена во мојот живот! Мојата девојка ми е многу важна! – биле зборовите на актерот кога ја започнал врската со 28-годишната Thomas.

Тој зад себе има еден пропаднат брак со актерката Kim Basinger, со која ја имаат 16-годишната ќерка Ireland.

Write A Comment