Керозин

Alfa Romeo 4C

Цена од 45.000 долари, а според најавите, би требало да изгледа потполно исто како и концептот…

По појавувањето на прототипот во 2011-та година, и многу натегања и одложувања, конечно италијанците најавија сериско производство на овој атрактивен мал спортски автомобил, со назив 4C.

Тоа би требало да стане стварност по официјалната презентација, која ќе се случи на саемот во Женева, идната година. 4С ќе биде погонуван од 1.7-литарски турбо бензински агрегат, со околу 300 КС, и маса под 100 килограми, што само по себе претставува своевидна револуција во авто-индустријата. За изгледот не дискутираме, сепак се работи за Alfa Romeo.

Моќноста ќе биде пренесена на задните тркала, преку 6-степен менувач со двојна спојка, кој воедно ќе биде и единствена опција за менувач во 4С. Промената на брзините, во зависност од желбата на возачот, може да биде мануелна (секвенцијална), како и автоматска.

Иако е рано да се зборува, но сепак стои и најавата дека кабриолет верзијата на Alfa Romeo 4C треба да се појави една година подоцна, односно во 2014-та.

 

Напиши коментар