ШоуБиз

Alice Cooper доби уште еден почесен докторат!

Музичарот Alice Cooper минатиот викенд добил почесен докторат од Музичкиот институт во Лос Анџелес. За време на промоцијата, Cooper одржал интересен говор пред насобраните студенти, а наградата ја добил поради својот придонес кон музичката култура. Ова му е веќе втор докторат и Alice на шега изјавил:

–          Ако добијам уште едно вакво парче хартија, ќе почнам да издавам рецепти.

На студентите им порачал дека медиокритетот е нивен најголем непријател и дека ако се плашат од работата што тој ја работи, воопшто да не тргнуваат на тој пат. Кога веќе еднаш ќе тргнат да одат до крај.

–          Ако успеете ќе станете гениј, ако не, тогаш сте идиоти. Но, секогаш можете да почнете од почеток.

По промоцијата, музичарот веднаш си ставил слика и на Твитер.

Напиши коментар