Убавина

Алкохолните пијалаци и диетите

Пазите на линија, држите диета за да изгледате што поубаво во костумот за капење, но вечерните излегувања никако не идат без ниедна голтка на алкохол.

Држењето диета значи одрекување од многу прехрамбени намирници , но малкумина знаат дека и алкохолот е намирница… Алкохолот е непријател на убава фигура затоа што го зголемува апетитот и ја намалува способноста на организмот да ги согорува мастите. И затоа е добро да се знае колку калории содржи една чаша од Вашиот омилен алкохолен пијалак.

Вино

За време на диетите меѓу алкохолните пијалаци најдобра опција е виното. Една чаша бело вино содржи помалку од еден грам јаглехидрати, не содржи масти и има само 70 калории. Додадете минерална вода во чашата вино и Вие добивате идеален сојузник во диетата. Значи сите на шприцер …

Избегнувајте десертни вина затоа што чаша од тие вина содржи преку 300 калории.

Жестоки пијалаци

Жестоките пијалаци како вотката, вискито, румот, барбунот, џинот … содржат помалку калории од другите алкохолни пијалаци ( освен виното ). Една чаша вотка од 35 милилитри има само 80 калории.  Чаша виски (35 милилитри) 82… Жестоките пијалаци содржат повеќе алкохол, со самото тоа луѓето пијат поголема количина на вода, што е исто така убаво за одржување на линијата.

Пиво

Светлото пиво содржи помалку калории од темните варијанти на пиво. Една кригла пиво од половина литар има околу 100 до 140 калории во зависност од видот на пивото.

Коктели

Повеќето коктели содржат многу калории и многу шеќери. Кремастите коктели како на пример Pina Coladа содржи 700 калории. Затоа наместо Pina Coladа одберете Bloody Mary  кој содржи голем процент на витамини и само 130 калории.

Напиши коментар