Sweet Home

Alta moda Italia – фузија на модата и ентериерот…

Клучните особини на Alta moda Italia се заводливата игра, попустливоста и преминувањето кон границите на естетско задоволство. Креативноста во производите на Alta moda изразува нов, свеж начин на опремување, комбинирајќи клучни елементи како што се дрво и ткаенина со техника, инспирирана преку највисоките стандарди за столарија и кроење.

Фузијата меѓу двете уметнички форми создава животен простор со потполн ефект. Мешањето на боите и контрастите допридонесува за софистицираниот изглед полн со гламур. Високата мода која се гледа и во боите и во материјалите, како перјата и скапоцените камења, даваат специфичен белег во оваа колекција. Alta moda креира и детали како: прекрасни слики, чипки од злато и сребро, лустери, перници и други елементи…

Куќниот декор на Alta moda потсеќа на брод полн со позитивни емоции, блискост и топлина. Користењето на леопард дезенот, просторот го прави неодоливо „шик“. Тој впечаток го смируваат белите елементи комбинирани и со други принтови, а пастелните бои придонесуваат за мирна и пријатна атмосфера…

Кога мисли на опремување… Alta moda Italia мисли на секој детал…Погледнете ги нивните волшебни „ размислувања “.

Напиши коментар