Амелија Даер е една од најозлогласените убијци во Англија и е одговорна за смртта на можеби 400 бебиња. Таа била осудена и погубена со бесење во 1896 година во Лондон.
Во тоа време, новороденчињата – особено оние кои биле родени надвор од брак – биле најчесто “посвојувани” од страна на други луѓе во замена за мала надокнада од родителите, што се плаќала на рати или однапред. Фармата со бебиња на Амелија Даер била во бедна средина каде што бебињата биле изгладнувани и запоставени за да се заштедат пари и да се зголеми профитот.
Како што немилосрдноста на Даер се зголемувала со текот на времето, таа почнала да ги убива бебињата веднаш по исплатата од родителите. Телата на бебињата биле фрлани во блиската река, заради што Даер од време на време се селела од град во град за да се избегнат сомнежите. Нејзините активности продолжиле со децении и покрај тоа што таа на два пати била сместувана во лудница.

