Познатиот холивудски пар, Анџелина Џоли и Бред Пит моментално се одмараат на Халкидики. Тие веќе неколку дена престојуваат во Грција, и според изјавата на еден грчки сопственик на ресторан, тие имале намера да останат уште долго во Грција, посетувајќи уште неколку места.
Бред и Анџелина вечерале во еден ресторан, во кој лично ги послужил сопственикот. Таа се појавила во долг бел фустан, па сопственикот ја запрашал дали наскоро ќе облече таков фустан за нивната свадба. На тоа Џоли му одговорила: јас и Бред премногу ја сакаме Грција за да ја напуштиме заради свадба. Планираме да останеме уште некое време тука, да посетиме уште неколку места.
