ШоуБиз

Анџелина му подарила на Бред водопад!!!

Холивудската актерка и режисерка Анџелина Џоли на својот сопруг му подарила нешто скапоцено за Нова Година, нешто што тој одамна го посакувал.

Бред Пит неодамна најави дека наскоро планира да се повлече од актерските води и да почне да се занимава со режија како жена си. Но, тоа не е сè што тој посакува во Новата година.

Тој планира и да се одсели подалеку од градските гужви, но не на Костарика како што се велеше. Анџелина му подарила водопад во Калифорнија, недалеку од Лос Анџелес. Таму таа нашла имот на кој покрај водопадот може да се изгради куќа. Така Бред од својот дом ќе може да ги слуша слаповите на водопадот, што му било животна желба.

Куќата ќе биде изградена во омилениот архитектонски стил на Бред, бидејќи тој од секогаш сакал да ја дизајнира сопствената куќа.

Write A Comment