Актерката Анџелина Џоли од 2000 до 2003 година беше во брак со Били Боб Торнтон. По развдот, таа немала многу убави зборови за тој брак и поминатиот период со Били. Дури си ја отстрани и тетоважата која му беше наменета нему. Тој период ѝ беше обележан со дрога и депресии. Сепак, Џоли се согласила и изминативе денови напишала предговор за книгата која ќе ја објави лично Торнтон.
Се работи за биографија на Били во која се опишани неговите пет бракови, а самата Џоли се наоѓа во книгата со наслов „The Billy Bob Tapes: A Cave Full of Ghosts“. Сеуште не се знае кога книгата ќе се најде во продажба, а не се познати ни детаљи од истата.