ШоуБиз

Angelina Jolie ќе се дебелее за свадбата :)

Според американските медиуми, холивудската актерка и режисерка Angelina Jolie сака да се здебели пет килограми пред венчавката со Brad Pitt која е закажана за месец август.

За таа цел, Jolie решила да го ангажира светски познатиот готвач Jamie Oliver кој би требало да ѝ подоготвува обилна, но здрава исхрана.

–          Angelina одлучи малку да ја пополни половината. Веќе го замолија Jamie да им даде некои рецепти. Angelina никогаш не готви, па работата во кујната би требало да ја преземе Brad. Најверојатно ќе прави некои традиционални, англиски јадења, – вели близок извор.

Наводно Brad сакал неговата сопруга да има некој килограм повеќе, а познатиот готвач досега веќе неколку пати бил во нивниот дом, така што очекувајте наскоро да видите нова, малку подебелка Jolie.

Напиши коментар