Кажи нешто против Роналдо и ќе си имаш работа со Ирина Шајк, неговата вереница.
Веднаш по победата на Португалија над Чешка, супермоделот Бар Рефаели на својот профил на Твитер напишала: “ Се што ми паѓа на памет кога ќе го видам Кристијано Роналдо е дека гелот за коса треба да се забрани со закон”.
Неколку минути подоцна имала одговор од вереницата на Кристијано. Ирина и напишала: “Хејтувањето не изгледа убаво, научи да сакаш”.
Рефаели одговорила: “Те сакам тебе, го сакам дечко ти, но го мразам гелот”.
