ШоуБиз

Aniston: Не трошам ни 200 долари на третмани!

Која е цената која Jennifer Aniston ја плаќа за убавината?

Сигурно многу помалку од тоа што пред извесно време можевме да прочитаме насекаде во пишаните медиуми. Актерката лично признава дека само слатко се изнасмеала кога прочитала за какви суми пишуваат новинарите кога станува збор за парите кои таа ги троши на козметика, третмани и вежбање.

–          Иако сум фан на добра крема за лице, јас го користам истиот сапун уште од кога бев дете и секогаш редовно сум си ги миела забите. Написите дека трошам 8.000 долари на третмани за убавина месечно се навистина претерани, – објаснува таа.

–          Ве интересира колку е вкупната сума која ја трошам? Од прилика, овој месец потрошив вкупно околу 200 долари!

Напиши коментар