Магазинот Star тврди дека извор близок на глумицата изјавил дека таа и покрај тоа што е трудна го побарала Бред Пит за да се смират и конечно да се вратат на она што некогаш го имале.
По кавгата која ја имале Џенифер и нејзиното момче Џастин, таа го земала телефонот во бес и му се јавила на Бред. Кога тој и одговорил на повикот најпрво бил дрзок, но кога ја слушнал својата поранешна девојка толку очајна го продолжил разговорот со неа.
Изворот тврди дека и Бред си ја отворил душата пред Анистон па и признал дека и тој има проблеми со Џоли, и дека тој сака да ја напушти. На тоа Анистон не останала рамнодушна па му признала дека го сака назад.
Дали изворот ја кажува вистината со сигурност ќе дознаеме, но останува да почекаме на времето.