ШоуБиз

Анистон знае барем јајца да испржи :)

Џенифер Анистон ја краси насловната страница за месец март од списанието „InStyle“. Не само што позирала и направила неколку прекрасни слики, туку Џен си ја отворила душата и проговорила за дечкото Џастин и за нејзините кулинарски способности.

–          Би сакала да кажам дека сум успешен готвач, но немам некои свои специјалитети. Добра сум во правње појадок – правам супер јајца. Татко ми ми има дадено еден добар рецепт за тоа, грчка тајна е. Не ја издавам.

Кога ја прашале што најмногу сака кај Џастин, таа изјавила:

–          Најпрво, тој има одличен стил – многу специфичен, но на тој стил му е верен од секогаш. Не дека имал влијание врз мојот, но ние навистина се облекуваме слично.

Кога не би била актерка, Џен би била режисерка или во краен случај, дерматолог. Вели дека е фасцинирана од кожата, производите за кожа и ласерите.

Напиши коментар