ШоуБиз

Anne Hathaway се прошета со гипс на раката!

Anne Hathaway со огромна насмевка лицето прошетала низ улиците на Њујорк, иако нејзината десна рака била во гипс.

Засега не е познато како актерката се здобила со оваа повреда. Нејзинот гласноговорник имал само краток коментар по повод незгодата.

–          Anne имаше мала несреќа за време на викендот и си го повреди зглобот на раката, но не е ништо сериозно, – била неговата официјална изјава.

Инаку, последниот филмски проект на кој актерката сеуште работи е екранизацијата на огромниот класик „Клетници“ на Victor Hugo, во кој Hathaway ќе ја глуми Fantine. Трејлерот самошто излезе, а филмот ќе може да се погледне во кината на католички Божиќ.

Write A Comment