Здраво тело

Анти – стрес вежба !!! Гарантирано до совршен мир !!!

Најдобрата долгорочна одбрана од стресот е позитивниот пристап кон животот …тврдат психолозите.

Анализирајте го она што Ве нервира и размислете дали нешто зависи од Вас. Доколку најдете и најмал простор да го промените тоа, не се повлекувајте, стапете на сцена и направете го најдоброто за Вас…

Доколку пак е невозможно сами да ги решети проблемите, семејни проблеми, финансиска ситуација… тогаш променете ги Вашите перспективи.

Наместо која и да било ситуација Ве мачи, постојано Ви ги преокупира мислите, определете се за „активно прифаќање“ , односно потрудете се во Вашите проблеми да уочите барем некоја добра страна, бидејќи проблемите секогаш ги има.

Но од стресот можете барем делумно да се ослободите со една едноставна вежба…

Обезбедете само за себе барем 10 минути од денот за да постигнете совршен мир. Имено за да останете во форма, на Вашето тело и мозок им се потребни само 10 минути совршен мир ( слушајте ја тишината ) за да се рестартираат. Затоа секој ден, сеедно во кое време, одвојте 10 минути само за себе. Во тие моменти слушајте ја тишината, заборавете на лошиот ден, лошата ситуација… најдобро е да легнете на грб,

Замижите,

Допрете го јазикот за горното непце,

Издишете, испразнете ги белите дробови бројте до 7,

Вдишете задржете го воздухот, избројте до 7…

Повторете ги чекорите 5 пати и …

Рестаротот може да почне !!!

Верувајте веднаш ќе почувствувате позитивни промени!!!

Напиши коментар