Подгответе го овој оригинален италијански освежителен пијалок.
Потребни состојки:
– 3 дл пенливо вино
– 2 дела Аперол
– 1 дел кисела вода
– малку лед и кришки портокал
Подготовка:
Ставете лед и кришка портокал во една чаша. Сипете Аперол во пенливото вино и додајте малку кисела вода. Вака ќе избегнете Аперолот да се издвои на дното од чашата.
Овој пијалок неверојатно ќе ве освежи.
