Дестинации

AquaDom, Берлин – аквариумот кој фасцинира…

Она што прво ќе Ве привлече кај овој гламурозен аквариум е цилиндричното акрилно стакло високо 25 метри, во кое има вградено лифт…

Необичниот аквариум е лоциран во хотелот Radisson Blu. Целиот комплекс вклучува хотел, канцеларии, ресторан и аквариумскиот Sea Life Centre.

Ова ремек дело, инаку отворено во 2004 година, чинеше 12, 8 милиони евра. Целокупната изградба на аквариумот е дизајнирана и направена од страна на International Concept Management, Inc, а акрилниот цилиндар е конструиран од страна на американската компанија Reynolds Polymer Technology. Надворешниот цилиндар е направен од четири дела, додека внатрешниот е направен од едно парче. Овој аквариум е најголемиот цилиндричен аквариум во светот, кој има дијаметар 11 метри и е изграден на основа висока 9 метри. Внатрешноста, исполнета со 1. 000.000 литри вода, содржи 1.500 риби, кои ги има во 50 видови, за кои е потребно 8 килограми храна…

Ве доближуваме до најграндиозниот аквариум во светот …

Вие, инспирирајте се да го посетите !!!

Напиши коментар