ШоуБиз

Арета Френклин и Стиви Вондер задолжени за последната песна за Витни Хјустон

Во сабота, според најавите ќе се одржи церемонијата на која со песна Арета Френклин и Стиви Вондер ќе ја испратат душата на Витни Хјустон на подобро место.

Клив Дејвис, музичкиот ментор на Витни ќе одржи говор, а покрај него се очекува тоа да го сторат и пејачката Алиша Кис и Диона Варвик, која е роднина на Витни.

Помежу оние кои се повикани на приватната цереонија се и Боби Браун, поранешниот маж на Витни како и актерот Кевин Костнер кој со неа глумеше во филсмкиот мега хит Телохранител.

Никој кој нема покана нема да смее ни да се приближи до црквата,а на фановите им било препорачано да останат дома. Погребот во Сад ќе се пренесува во живо, бидејќи семејството на Витни се сложило во црквата да остане една камера.

Напиши коментар