ШоуБиз

Арета Френклин ја раскина свршувачката!

Музичарката Арета Френклин пред неколку дена објави дека се верила со својот дечко Вилијам Вилкерсон и дека планираат да направат свадба ова лето. Сепак, за време на овај викенд, таа решила да ја раскине свршувачката. Имано, 69-годишната пејачка заклучила дека нивниот однос се развива пребрзо, па тоа била и причината поради која Арета му го вратила вереничкиот прстен на Вилијам.

–          За жал, мораме да им соопштиме на сите наши фанови и пријатели дека со Вилијам сфативме дека нашата врска се одвива многу брзо и дека сеуште не е дојдено вистинското време за свадба. Понатаму нема да го коментираме нашиот однос бидејќи ова е многу лична и емотивна работа и за двајцата, – стои во заедничкото соопштение на фан страната на Френклин.

Напиши коментар