Поради својата револуционерна музика, Aretha Franklin е наречена „кралица на соул музиката“. Затоа не треба да се чудиме што универзитетот Принстон одлучил да ѝ додели почесен докторат.
Таа била една од шесте личности на кои им бил доделен почесен докторат на церемонијата во Њу Џерси. Пејачката изгледала пресреќно кога универзиетот основан во 1746 година ја прогласил за Доктор на музика.
– Со својата неверојатна грациозност, таа сеуште ги поминува музичките мостови преку проблематичните води, а со својата способност да натера да размислуваме и чиниме добро, Кралицата на соул музиката засекогаш ќе ја има почитта на целиот свет, – изјавил гласноговорникот на универзитетот.
Franklin е првата жена примена во Куќата на славните рокенрол музичари. Досега има примено два почесни докторати, од колеџот за музика Беркли и универзитетот Јејл.
Минатата година го издаде 38-от музички албум со наслов „A Woman Falling Out of Love“.
