ШоуБиз

Aretha Franklin на 70 години со нов албум!

Легендарната пејачка Aretha Franklin го прославила својот 70-ти роденден, а истовремено ја објавила и својата соработка со музичкиот ментор Clive Davis.

На раскошната роденденска забава, кралицата на соул музиката била домаќин на врвни имиња од музичката индустрија од калибар на: Diane Sawyer, Al Sharpton, пријателот и свршеник Willie Wilkerson, како и продуцентот кој е заслужен за нејзининото големо враќање во 80-тите години од минатиот век.

–          Повтроно потпишав договор со Clive и веќе снимаме нов албум, – изјавила пејачката.

На кратко дала коментар и за биографскиот филм кој наскоро треба да почне да се снима, односно изјавила дека моментално е полна со обврски и нема време да се занимава со филмови и продукција.

Напиши коментар