Мојата кујна

Аргентинско пире

За љубителите на јужно- американскиот зачинет вкус!!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

½ килограм компири

3 чешнина лук

50 милилитри масло за јадење

30 грама целер

Пола лажичка ким

Лажичка сув магдонос (може и свеж ситно исечкан магдонос)

Сол и бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Олупете го компирот и исечкајте го на коцки. Сварете го компирот заедно со целерот и лукот. Испасирајте ги сварените намирници, додадете сол, бибер и ким и измешајте ги убаво. Потоа кратко пропржете го пирето.

Пирето се служи топло поросено со сув магдонос.

Уживајте!!!

Напиши коментар